По стартниот триумф над Црна Гора, младинската машка репрезентација на Македонија, денеска ја очекува нов предизвик.
Избраниците на Раде Стојановиќ ги очекува натпревар против Хрватска, која важеше за прв фаворит во групата, но доживеа пораз на стартот од Австрија.
Во хрватскиот состав треба да се внимава најмногу на бекот Александар Чаприќ, кој летово се сели во Бундес лигата, а го имаат и одличниот голман Тин Херцег, кој брани во тимот на селекторот Раде Стојановиќ, Тримо Требње.
Во вториот натпревар од групата А, каде што игра Македонија, Црна Гора ќе се обиде да го поправи впечатокот на мечот против Австрија.
Натпреварот меѓу Македонија и Хрватска се игра денеска со почеток во 12:00 часот.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА (ЕП МЛАДИНЦИ)
12:00 ШВАЈЦАРИЈА – ШПАНИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
12:00 УКРАИНА – ШВЕДСКА (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 ЧЕШКА – НОРВЕШКА (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 ИЗРАЕЛ – ДАНСКА (ЕП МЛАДИНЦИ)
14:20 СРБИЈА – ПОРТУГАЛИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
16:40 АВСТРИЈА – ЦРНА ГОРА (ЕП МЛАДИНЦИ)
16:40 ФРАНЦИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ (ЕП МЛАДИНЦИ)
16:40 ПОЛСКА – ИСЛАНД (ЕП МЛАДИНЦИ)
19:00 ГРЦИЈА – ГЕРМАНИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
19:00 ИТАЛИЈА – СЛОВЕНИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)
19:00 РОМАНИЈА – УНГАРИЈА (ЕП МЛАДИНЦИ)