ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Во Струга и Куманово се решава претпоследниот патник во плеј-офот

Денес ќе бидат одиграни два суперлигашки дуели од последното коло од регуларниот дел од сезоната, по што ќе биде познат и последниот патник во плеј-офот од групата А.

Во борбата за пласман во плеј-офот од споменатата група се Струга и Еурофарм Пелистер 2, додека Алкалоид, Тиквеш и Охрид веќе одамна обезбедија учество во плеј-оф фазата.

Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Куманово и само победа го остава во игра за место во разигрување за титулата, но ќе мора да чека и победа на Аеродром во Струга.

Стружани на натпреварот со Аеродром сами решаваат за себе и со реми или победа се сигурни патници во плеј-офот.

На програмата на Светското првенство во женска конкуренција ќе стартуваат битките за полуфинале.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:30 ФРАНЦИЈА – ЧЕШКА (СП)

18:00 ЗУБРИ – КАРВИНА (ЧЕШКА)

18:30 ФРЕДЕРИЦИЈА – МОРС (ДАНСКА)

20:00 КУМАНОВО – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (МАКЕДОНИЈА)

20:00 СТРУГА – АЕРОДРОМ (МАКЕДОНИЈА)

20:00 ЛАЈПЦИГ – МЕЛСУНГЕН (БУНДЕС)

20:00 НИМ – ЛИМОЖ (ФРАНЦИЈА)

20:00 ШАРТ – ТУЛУЗ (ФРАНЦИЈА)

20:00 БИДАСОА – КУЕНКА (АСОБАЛ)

20:30 ХОЛАНДИЈА – НОРВЕШКА (СП)

20:30 КРЕТЕЈ – НАНТ (ФРАНЦИЈА)

20:30 ТРЕМБЛЕ – СЕНТ РАФАЕЛ (ФРАНЦИЈА)

20:30 БАРСЕЛОНА – ПУЕРТО САГУНТО (АСОБАЛ)

21:00 БЕНИДОРМ – ГРАНОЉЕРС (АСОБАЛ)

21:00 ПОВОА – БРАГА (ПОРТУГАЛИЈА)