Денеска со натпреварот меѓу екипите на Мулти Есенс и Скопје ќе започне новото, 6. коло во суперлигашкиот плеј-оф/аут.
На младиот тим од Автокоманда му е потребна било каква победа за да остане во игра за едно од првите две места на табелата во плеј-аут фазата.
Составот на Скопје ќе се обиде да му парира над дебитантот и евентуално да дојде до изненадување.
Денешниот дуел меѓу Мулти Есенс и Скопје ќе се одигра со почеток од 20:00 часот во спортската сала „Автокоманда“.
Куманово и Астибо ќе го отворат 18. коло во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.
Вицепрвакот не би требало да има големи проблеми против тимот од Штип и се очекува лесно да дојде до 15-ти сезонски триумф.
Натпреварот меѓу Куманово и Астибо е закажан за 19:30 часот во спортската сала „Перо Наков“.