Денеска ќе започне новата сезона во Лигата на Европа, а претставник на Македонија ќе биде вицепрвакот Вардар, кој првиот натпревар ќе го одигра на домашен терен.
Вардарци се наоѓаат во група Ф и за ривали ги имаат Мелсунген, Валур и Порто. Прв ривал на избраниците на Владо Недановски ќе биде исландскиот Валур, тим кој во минатата сезона го освои трофејот во Европскиот Куп.
Исландскиот тим во својот состав име две звучни имиња, тоа се голманот Бјоргвин Густавсон и десниот бек Александар Петерсон. Валур до место во групната фаза во Лигата на Европа стигна преку квалификациите.
Ракометарите на Валур во квалификациското коло играа против Спачва Винковци, на првиот натпревар триумфираа со 34:25, додека во Хрватска имаа многу среќа и загубија со 32:24.
Натпреварот меѓу Вардар и тимот од Исланд ќе се одигра денеска во СЦ „Јане Сандански“, со почеток во 20:45 часот.
Македонскиот репрезентативец Филип Талески заедно со Бенфика авантурата на европска сцена ќе ја стартуваат со дуел ротив Кадетен во вајцарија.
Лига на Европа, 1, коло, распоред:
18:45 КОНСТАНЦА – ИШТАД
18:45 ФЛЕНСБУРГ – СЕСВЕТЕ
18:45 ГОРЕЊЕ – ГОГ
18:45 ГУМЕРЗБАХ – САВЕХОФ
18:45 КАДЕТЕН – БЕНФИКА
18:45 ЛУЦЕРН – АДЕМАР
18:45 ТАТАБАЊА – КАРВИНА
18:45 ТУЛУЗ – ФХ
20:45 БИДАСОА – ХОБРИ
20:45 КИЛ – ТОРЕЛАВЕГА
20:45 ЛИМОЖ – ПРЕШОВ
20:45 МОНПЕЛЈЕ – СИЛКЕБОРГ
20:45 НЕКСЕ – ВОЈВОДИНА
20:45 ПОРТО – МЕЛСУНГЕН
20:45 ВАРДАР – ВАЛУР
20:45 ЗАБЖЕ – ГРАНОЉЕРС