ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардарци домаќини на шампионот, Пролет на гости во Автокоманда

Денеска со натпреварот меѓу вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер ќе започне новото, 8. коло во суперлигашкиот плеј-оф. Пелистерци се на добар пат да ја одбранат шампионската титула и со евентуален триумф против „црвено-црните“ ќе бидат на милиметри до остварување на зацртаната цел.

Еурофарм Пелистер засега има 100% учинок во плеј-офот, седум од седум, а убедливата победа над вицепрвакот во претходното коло покажа дека составот на Ангеловски е подготвен за одбрана на шампионското место. Битолчани имаат 23 бодови, додека Вардар пет бодови помалку, односно 18.

Избраниците на Владо Недановски ќе посакуваат со поддршка од публиката да дојдат до нов триумф во разигрувањето за титулата. Доколку Вардар победи на денешниот натпревар, тогаш битолчани ќе останат на првото место, но ќе имаат само два бода предност пред скопскиот тим.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Освен Вардар и Еурофарм Пелистер, денеска ќе има уште еден интересен дуел, ќе играат Алкалоид и Пролет. На составот на Кире Лазаров му е неопходна било каква победа, со цел да ги задржи шансите за втората позиција на табелата.

Пролет, кој секогаш се покажува како незгоден ривал, ќе биде мотивиран да дојде до изненадување. Избраниците на Александар Јовиќ уште од поодамна останаа без шанси за голем прогрес, но со освојување на бодовите во Автокоманда би го подобриле бодовното салдо.

Натпреварот меѓу Струга и Тиквеш ќе се одигра во текот на утрешниот ден, додека пресметката на Охрид и Бутел е закажана за четврток.

Супер лига, плеј-оф, 8. коло, распоред:
09/04, 18:00, Вардар – Еурофарм Пелистер
09/04, 20:00, Алкалоид – Пролет
10/04, 17:00, Струга – Тиквеш
11/04, 19:00, Охрид – Бутел

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130141
2ПРОЛЕТ1430119
3СТРУГА1400140