Денеска со натпреварот меѓу Вардар и Куманово ќе започне новото, 8. коло во суперлигашката конкуренција, а ова коло ќе биде комплетирано дури среда со дуелот меѓу Пролет и Охрид.
За Вардар, кој во досегашниот тек од сезоната има еден пораз, денешниот натпревар со Куманово ќе биде загревање за соочувањето со Порто.
Како што е познато, македонскиот вицепрвак вторник на свој терен ќе биде домаќин на португалскиот тим во рамки од 3. коло од Лигата на Европа.
На денешната ракометна програма нема да има многу натпревари, свој настап ќе има репрезентативката на Македонија, Леонида Гичевска.
Лада Тољати на Гичевска во натпревар од рускиот шампион ќе се обиде да ги освои бодовите од дерби дуелот со Динамо Синара.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:30 ДИНАМО – ЦСКА (РУСИЈА)
18:00 ВАРДАР – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ЗАМЕТ – ЗАГРЕБ (ХРВАТСКА)
19:00 ГУМЕРЗБАХ – АЈЗЕНАХ (БУНДЕС)
19:00 РАДНИЧКИ – ВОЈВОДИНА (СРБИЈА)
20:00 ГЕПИНГЕН – БИТИГХЈАМ (БУНДЕС)
20:00 ДАНКЕРК – КРЕТЕЈ (ФРАНЦИЈА)
20:00 МОНПЕЛЈЕ – ШАМБЕРИ (ФРАНЦИЈА)
20:00 НИМ – ИСТРЕС (ФРАНЦИЈА)
20:30 ИВРИ – СЕСОН (ФРАНЦИЈА)
20:30 СЕНТ РАФАЕЛ – ЛИМОЖ (ФРАНЦИЈА)
21:00 БЕНФИКА – АВАНКА (ПОРТУГАЛИЈА)