Ракометарите на Вардар и Прилеп го играат вториот натпревар од 7 коло во Супер машката лига, откако Охрид отвори со висока победа над Радовиш.
Вардарци ќе настапат со комбиниран тим, Чупиќ има проблеми со повредени ракометари, па ќе се обиде да одмори и дел од главните играчи за стартот на Лигата на Европа во вторник.
Натпреварот меѓу Вардар, кој досега има шест од шест во Супер машката лига, и Прилеп, кој игра променливо на стартот на сезоната, ќе стартува од 18:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Низ европските терени, денеска активни ќе бидат и македонските репрезентативци Мартин Томовски со Битигхајм и Михајло Младеновиќ со Кретеј.
Ќе стартува и второто коло од ЕХФ Европскиот Куп со дуелот меѓу косовскиот Раховеци и Дуделанж од Луксембург, кој го елиминира Бутел Скопје.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 ВАРДАР – ПРИЛЕП (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ФЕРНДОРФ – БИТИГХАЈМ (ГЕРМАНИЈА)
20:00 РАХОВЕЦИ – ДУДЕЛАНЖ (ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП)
20:30 КРЕТЕЈ – СЕИНТС (ФРАНЦИЈА)