Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде последниот дуел на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа против францускиот Тулуз. Гостите се елиминирани, Вардар е пласиран во ТОП 16 фазата, а по овој меч и по оној во Шведска каде Кристијанштад го чека Сесвете, ќе биде познато дали македонскиот тим ќе заврши прв или втор, и дали ќе пренесе два или четири бода. „Црвено-црните“ во дуелите во февруари и март ќе играт против португалската Бенфика и германскиот Мелсунген предводен од Роберто Парондо.
Вардар е прв на табелата со осум бода, втор е шведскиот тим со седум, а хрватскиот состав има пет на третото место. Сега македонскиот првак ќе навива за тимот на Вори во Шведска, што ќе му донесе пласман на Сесвете во ТОП 16, а тоа ќе значи и пренос на четири бода на Вардар. Ако победи Кристијанштад или мечот заврши реми, без разлика на исходот од средбата меѓу Вардар и Тулуз, македонскиот и шведскиот тим ќе пренесат по два бода. Ќе очекуваме и Бенфика да се потруди да го победи Мелсунген, па португалската и германската екипа во главната рунда да стартуваат со по два бода.
Остануваат слободни уште шест места за главната рунда во Лигата на Европа, а најголеми возбудувања ќе има во групата каде што се Партизан, Нексе, Кадетен Шафхаузен и Адемар Леон, каде сите екипи имаат шанси за прогрес.
На Мундијалот во Германија и Холандија ќе се играат последните четири дуели од групната фаза, а главната рунда ќе стартува со уште четири средби.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 АРГЕНТИНА – ЕГИПЕТ (СП)
18:30 ТУНИС – КИНА (СП)
20:30 ХОЛАНДИЈА – АВСТРИЈА (СП)
21:00 ФРАНЦИЈА – ПОЛСКА (СП)
18:45 ЕЛВЕРУМ – ФРАМ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ФЛЕНСБУРГ – БИДАСОА ИРУН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ФРЕДЕРИЦИЈА – САВЕХОФ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ЛУЦЕРН КРИЕНС – ПОРТО (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 КРИСТИЈАНШТАД – СЕСВЕТЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ПОТАИСА ТУРДА – СЕН РАФАЕЛ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ТАТРАН ПРЕШОВ – ХАНОВЕР (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ВАРДАР – ТУЛУЗ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 БЕНФИКА – МЕЛСУНГЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 БЕРН – ОСТРОВИЈА (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ГРАНОЉЕРС – БАЈА МАРЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН – ПАРТИЗАН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 КАРЛСКРОНА – ФЕРЕНЦВАРОШ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 КИЛ – МОНПЕЛЈЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 НЕКСЕ – АДЕМАР ЛЕОН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 СЛОВАН ЉУБЉАНА – СКАНДЕРБОРГ АРХУС (ЛИГА НА ЕВРОПА)

























