Екипата на Металург Автокоманда ќе се обиде да му се приближи на Чаир кон врвот на табелата во Супер женска лига. Избраничките на Јулијана Дамчевска гостуваат во Штип кај Астибо и се големи фаворитки за победа со што ќе продолжат да му „дишат во врат“ на Чаир.
Покрај овој дуел, во истата конкуренција ќе се игра и натпреварот во Битола меѓу Пелистер и Спартак, кој се очекува да донесе возбудувања.
Во Првата женска лига, Деспина во Прилеп ќе ја пречека Стружанка, а во Првата машка лига ќе бидат одиграни две средби.
Вардар Неготино му гостува на Шампион, додека регионален двобој ќе одиграат екипите на Текстилец и Овче Поле.
Низ европските терени има настапи на дел од македонските интернационалци и интернационали, како и натпревари од Лигата на шампионите кај дамите.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 АСТИБО – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА (МАКЕДОНИЈА)
14:30 ТЕКСТИЛЕЦ – ОВЧЕ ПОЛЕ (МАКЕДОНИЈА)
16:30 ПЕЛИСТЕР – СПАРТАК (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ДЕСПИНА – СТРУЖАНКА (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ШАМПИОН – ВАРДАР НЕГОТИНО (МАКЕДОНИЈА)


























