Денеска ќе има богат ден на ракометните терени низ Македонија со натпревари во сите конкуренции.
Во Супер машката лига, Вардар е голем фаворит на гостувањето кај Радовиш и „црвено-црните“ се во потрага по шестата победа по ред. Тиквеш по поразот кај Охрид го чека уште едно тешко гостување, овојпат во Битола кај Еурофарм Пелистер 2.
Во Супер женската лига, шампионот Ѓорче Петров ќе бара рехабилитација за поразот од Чаир на дуелот со Астибо, додека во Првата женска лига, ќе има два меча во Гостивар и Струга.
Во Првата машка лига непоразениот Текстилец гостува кај Партизан во Гевгелија, а Преспа брка прв триумф во дуелот со Шампион.
Во центарот на вниманието на македонската јавност ќе бидат и настапите на трите претставници во ЕХФ Европскиот Куп – Чаир, Куманово и Металург Автокоманда.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 ЈЕХОНА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (МАКЕДОНИЈА)
14:30 ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
17:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – АСТИБО (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ТИКВЕШ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ПРЕСПА – ШАМПИОН (МАКЕДОНИЈА)
19:00 СТРУЖАНКА – АТЛЕТИК (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – КИЧЕВО (МАКЕДОНИЈА)
19:30 РАДОВИШ – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
15:00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ДИФЕРДАНЖ (ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП)
19:00 ЧАИР – АЈДОВШЧИНА (ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП)
19:00 КУМАНОВО – КАСКАДА ГАРЛИЈАВА (ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП)