ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар на гости во Кавадарци

По само еден ден од освојувањето на трофејот во Купот на Македонија, ракометарите на Вардар ги чека нов предизвик.

Избраниците на Гиљермо Милано ќе му гостуваат на незгодниот Тиквеш во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци.

„Црвено-црните“ мора да слават против Тиквеш за да ја задржат пол-позицијата во битката за титулата.

Вардарци се на делба на првото место заедно со Еурофарм Пелистер со по 17 бодови, додека трет е „сино-белиот“ тим од Автокоманда со 11 бода.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

19:00 ТИКВЕШ – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)