Денес со натпреварот меѓу Вардар Неготино и Вардар ќе започне новото, 12. коло во суперлигашката конкуренција.
Вардарци на гостувањето во Неготино се очекува да дојдат до уште една рутинска победа во низа, додека избраниците на Игор Котевски ќе се обидат да се покажат во подобро светло пред својата публика.
Екипата на Струга, која се наоѓа на 4. позиција во А групата, односно е на чекор до пласман во плеј-офот, ќе му гостува на македонскиот вицепрвак.
Тимот од Автокоманда веќе има обезбедено билет за разигрувањето за титулата, бидејќи на 11 натпревари има остварено позитивен резултат.
Низ Европа ќе има интересни дуели во Бундес лигата, Франција, како и во Асобал лигата.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 ДИНАМО БУКУРЕШТ – КОНСТАНЦА (РОМАНИЈА)
18:00 ОБИЛИЌ – ВОЈВОДИНА (СРБИЈА)
18:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 СТРУГА – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ХАЛБИ – САВЕХОФ (ШВЕДСКА)
19:00 КРИСТИЈАНШТАД – ИШТАД (ШВЕДСКА)
19:00 ОНЕРЕД – ЛУГИ (ШВЕДСКА)
19:00 ВРАЊЕ – ЦРВЕНА ЅВЕЗДА (СРБИЈА)
20:00 ХУЕСКА – ПУЕРТО САГУНТО (АСОБАЛ)
20:00 КОЊУХ – БОРАЦ (БИХ)
20:00 ЕРЛАНГЕН – ГЕПИНГЕН (БУНДЕС ЛИГА)
20:00 ШАМБЕРИ – ТУЛУЗ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ДАНКЕРК – ДИЖОН (ФРАНЦИЈА)
20:00 ЛИМОЖ – СЕСОН (ФРАНЦИЈА)
20:30 КРЕТЕЈ – ШАРТ (ФРАНЦИЈА)
20:30 ИВРИ – ЕКС АН ПРОВАНС (ФРАНЦИЈА)
20:30 НАНТ – САРАН (ФРАНЦИЈА)
21:30 ГРАНОЉЕРС – ВАЉАДОЛИД (АСОБАЛ)