ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар меѓу две европски средби гостува кај Куманово

Денеска во центартот на вниманието ќе биде дуелот од Супер лигата меѓу Куманово и Вардар, втор натпревар од 8 коло во елитната конкуренција.

Вардарци во вторник ги чека тешко гостување кај Тулуз во Франција, а гостувањето во Куманово, тренерот Иван Чупиќ ќе го искористи за што подобра подготовка.

Натпреварот меѓу Куманово и Вардар е закажан за 19:00 часот во градската сала во Куманово и се очекува да привлече голем број љубители на ракометот.

Покрај овој дуел, во Македонија на програмата има една прволигашка средба меѓу Кичево и Младост Богданци, која ќе стартува од 19:00 часот во салата „Млаз“.

На европските терени се играат три средби од ЕХФ Европскиот Куп.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

19:00 КУМАНОВО – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ДИОМИДИС АРГУС – БУДВАНСКА РИВИЕРА (ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП)
18:00 СТРАНДА – ВОЈВОДИНА (ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП)
20:00 ДИФЕРДАНЖ – КАСТРИОТИ (ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП)
19:00 КИЧЕВО – МЛАДОСТ БОГДАНЦИ (МАКЕДОНИЈА)