Денеска во центарот на вниманието ќе биде дуелот меѓу Вардар и Мелсунген од главната рунда во Лигата на Европа.
Мелсунген е прв на табелата со шест бода, додека од второто до четвртото место се Вардар, Бенфика и Кристијанштад со по два бода.
Германците доаѓаат со младинци во Скопје, па Вардар има убава шанса да освои нови бодови и да ја продолжи битката за осминафинале, односно четвртфинале.
Покрај дуелот на Вардар и Мелсунген кој се игра од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“, се играат уште седум двобои во второто по ранг европско клупско натпреварување.
На домашна сцена, се игра последниот натпревар од 22 коло во Супер машката лига во кој Пролет го пречекува Охрид.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 ФЛЕНСБУРГ – МОНПЕЛЈЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН – ХАНОВЕР (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 КРИСТИЈАНШТАД – БЕНФИКА (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 АРХУС – ЕЛВЕРУМ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 БИДАСОА ИРУН – КИЛ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ГРАНОЉЕРС – ПОРТО (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 НЕКСЕ – ФРЕДЕРИЦИЈА (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ВАРДАР – МЕЛСУНГЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:00 ПРОЛЕТ – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)

























