ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар против Струга меѓу двете евро пресметки

Денеска во центарот на вниманието ќе биде дуелот на македонскиот вицепрвак Вардар во Супер машката лига.

Вардарци меѓу двете европски пресметки со шведскиот Кристијанштад ќе одигра натпревар против Струга.

Тренерот Иван Чупиќ ќе има комбиниран тим на располагање за овој дуел, но и покрај тоа, Вардар е голем фаворит.

Натпреварот меѓу Вардар и Струга ќе се игра денеска од 16:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

На европска сцена ќе стартуваат реваншите од Лигата на Европа, а свој настап ќе има и македонскиот интернационалец Михајло Младеновиќ.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:30 ВАРДАР – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)
20:00 КРЕТЕЈ – ИВРИ (ФРАНЦИЈА)
19:00 ОЛДЕНБУРГ – ДАЛМАТИНКА (ЛИГА НА ЕВРОПА)