ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар и Бутел го отвораат суперлигашкото коло, прволигашко дерби во Богданци

Со натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје ќе биде отворено седмото суперлигашко коло во разигрувањето за титулата.

Натпреварот ќе се игра во салата „Антон Димитров“ од 18:00 часот, откако двете екипи ги заменија домаќинствата, па претходната средба се играше во СЦ „Јане Сандански“.

„Црвено-црните“ мора да победат на сите натпревари до крајот на сезоната ако ја посакуваат шампионската титула, а Бутел е екипа која ако има свој ден може да им направи проблеми на сите/

Ќе има еден натпревар и од плеј-офот на Женската лига. Шампионот Ѓорче Петров му гостува на Куманово.

Во прволигашкиот плеј-оф, единствената непоразена екипа досега Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Младост во Богданци.

Од интернационалците, свој настап ќе има Сара Стефаноска со нејзината Јагодина, додека францускиот Курнон предводен од Марјан Колев, на домашен терен ќе се соочи со Бијер.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

16:30 ВАРДАР – АСТИБО (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ВАРДАР – БУТЕЛ СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
19:30 КУМАНОВО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)
20:00 МЛАДОСТ БОГДАНЦИ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ЈАГОДИНА – БОР (СРБИЈА)
20:30 КУРНОН – БИЈЕР (ФРАНЦИЈА)