дДенеска ќе продолжат натпреварите од 12. коло во суперлигашкиот плеј-оф, во кој лидер е актуелниот бранител на титулата, тимот на Еурофарм Пелистер.
Во терминот од 18:00 часот ќе играат екипите на Вардар и Алкалоид, додека еден час подоцна ќе се сретнат Охрид и Пролет. Вардарци на средбата со тимот од Автокоманда ќе атакуваат на 10-ти триумф во пролетниот дел од сезоната.
На првата меѓусебна средба сезонава, тимот предводен од Владо Недановски триумфираше против „сино-белите“ со 27:23 и со евентуални нови три бодови ќе биде најмалку втор.
Амбициозниот тим на Охрид пред својата публика ќе ги одмери силите со незгодниот Пролет, кој во плеј-оф фазата има само две победи. Избраниците на Александар Јовиќ на првиот натпревар против Охрид загубија со 32:28.
На денешната програма ќе се одиграат и преостанатите два натпревари од четвртфиналето во европската елита.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 ПЕРМ – ЦСКА (РУСИЈА)
18:00 ВАРДАР – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ЧАИР – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (МАКЕДОНИЈА)
18:15 ЛАРВИК – МОЛДЕ (НОРВЕШКА)
18:15 ЛУЦЕРН – ЦИРИХ (ШВАЈЦАРИЈА)
18:30 ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА – АСТРАИОН (МАКЕДОНИЈА)
18:45 КИЛ – МОНПЕЛЈЕ (ЛШ)
19:00 ОХРИД – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ХАМБУРГ – БЕРГИШЕР (БУНДЕС)
19:00 МЕТАЛОПЛАСТИКА – ПАРТИЗАН (СРБИЈА)
19:30 ВОЈВОДИНА – НАПРЕДАК (СРБИЈА)
20:30 СЕСОН – ЕКС АН ПРОВАНС (ФРАНЦИЈА)
20:30 КРЕТЕЈ – ЛИМОЖ (ФРАНЦИЈА)
20:45 БАРСЕЛОНА – ПСЖ (ЛШ)
21:40 ВАЛУР – АФТУРЕЛДИНГ (ИСЛАНД)