Денеска ќе продолжат натпреварите од 20. коло од суперлигашката конкуренција, а најинтересно се очекува да биде на натпреварот меѓу Вардар и Тиквеш.
Екипата на Вардар на првото сезонско соочување славеше во Кавадарци со девет гола разлика, 32:23.
Со натпреварот меѓу Деспина и Ѓорче Петров 2 ќе стартува плеј-аут фазата во единственото женско сениорско натпреварување.
Во женскиот плеј-оф во рамки од 7. коло ќе се соочат Вардар и Металург Автокоманда, односно Куманово и Чаир.
Колото ќе биде комплетирано со утрешниот натпревар меѓу актуелниот шампион Ѓорче Петров и Астибо од Штип.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 ВАРДАР – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА (ЖЕНСКА ЛИГА)
15:00 ДЕСПИНА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 (ЖЕНСКА ЛИГА)
15:00 ВАРДАР – ТИКВЕШ (СУПЕР ЛИГА)
16:30 СКОПЈЕ – ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА (ПРВА ЛИГА)
18:00 ТЕКСТИЛЕЦ – ДРАЧЕВО (ПРВА ЛИГА)
18:00 БУТЕЛ – БИСИНОВ (СУПЕР ЛИГА)
18:00 ОХРИД – КУМАНОВО (СУПЕР ЛИГА)
18:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – СТРУЖАНКА (МАКЕДОНИЈА)
18:00 КУМАНОВО – ЧАИР (ЖЕНСКА ЛИГА)
18:30 ПРИЛЕП – СТРУГА (СУПЕР ЛИГА)
18:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – МЛАДОСТ (ПРВА ЛИГА)