Денеска во центарот на вниманието ќе биде гостувањето на екипата на Вардар кај францускиот Тулуз во второто коло од Лигата на Европа.
Тулуз имаше старт со пораз дома од Кристијанштад и не смее да си дозволи нов домашен кикс, додека Вардар без притисок патува во Франција по изненадување, откако ја реши првата домашна задача со Сесвете.
Двете екипи досега имаат одиграно само две средби, во 1999 година во четвртфиналето на Купот на победниците на куповите и имаат по една победа, но Вардар се пласира во полуфинале со вкупен резултат од 50-46.
На домашната сцена ќе биде комплетирано 8 коло од Супер лигата со натпреварот меѓу Радовиш и Тиквеш, каде кавадарчани ќе се обидат да се рехабилитираат за европската елиминација.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:45 БЕРН – МОНПЕЛЈЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ХАНОВЕР – ТАТРАН ПРЕШОВ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 КИЛ – ОСТРОВИЈА (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 БАЈА МАРЕ – ГРАНОЉЕРС (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ПАРТИЗАН – КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 САВЕХОФ – ФРЕДЕРИЦИЈА (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 СКАНДЕРБОРГ – СЛОВАН ЉУБЉАНА (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 СЕСВЕТЕ – КРИСТИЈАНШТАД (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ТУЛУЗ – ВАРДАР (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 АДЕМАР ЛЕОН – НЕКСЕ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 БЕНФИКА – ФЕРЕНЦВАРОШ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 БИДАСОА ИРУН – ФЛЕНСБУРГ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ФРАМ – ЕЛВЕРУМ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 КАРЛСКРОНА – МЕЛСУНГЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ПОРТО – ЛУЦЕРН КРИЕНС (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 СЕН РАФАЕЛ – ПОТАИСА ТУРДА (ЛИГА НА ЕВРОПА)
19:30 РАДОВИШ – ТИКВЕШ (МАКЕДОНИЈА)