На денешната програма ќе се одиграат преостаантите два дуели од осминафиналето во Лигата на шампионите кај мажите.
Со почеток од 18:45 часот ќе се сретнат вечните ривали од Унгарија, ПИК Сегед и Веспрем.
На денешниот дуел домаќин ќе биде тимот од Сегед, додека на реваншот Веспрем ќе ја има домаќинската улога.
Во терминот од 20:45 часот ќе играат полскиот вицепрвак Висла Плоцк и најбогатиот клуб од Европа, францускиот шампион ПСЖ.
Освен во Лигата на шампионите, денеска ќе се игра во неколку шампионати во Европа, а свој настап ќе имаат дел од македонските интернационалци.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 ЧСМ – ДУНАРЕА (РОМАНИЈА)
17:00 БАРСЕЛОНА – НАВА (АСОБАЛ)
18:00 КИШВАРДА – БУДАОРШ (УНГАРИЈА)
18:15 ЦИРИХ – СЕНТ ГАЛЕН (ШВАЈЦАРИЈА)
18:30 ВИБОРГ – ИКАСТ (ДАНСКА)
18:45 СЕГЕД – ВЕСПРЕМ (ЛШ)
19:00 ШТУТГАРТ – БЕРГИШЕР (БУНДЕС)
19:30 ТЕЛ АВИВ – МАКАБИ РИШОН ЛЕ ЗИОН (ИЗРАЕЛ)
20:00 КОПЕНХАГЕН – ОДЕНСЕ (ДАНСКА)
20:45 ВИСЛА – ПСЖ (ЛШ)