ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Три македонски репрезентации на сценa – против Грција, Словачка и Јапонија

Три македонски репрезентации денеска ќе играат натпревари – кадетската, младинската и сениорската селекција со свои предизвици.

Кадетите ја продолжуваат битката за пласман на ЕП 2026 и денеска од 14:30 часот ќе се соочат со Грција. По вчерашната победа над Финска, нова над јужниот сосед им носи место на кадетите на континенталниот собир.

Младинците по првиот триумф над Словачка, денеска ќе одиграат уште една средба од 14:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Сениорите исто така запишаа победа над Јапонија во првиот тест натпревар во Скопје зад затворени врати, сега пред полни трибини во Куманово од 16:00 часот ќе се обидат уште еднаш да го совладаат азискиот противник.

На домашна сцена има натпревари од сите останати конкуренции – Супер женска, Прва женска и Прва машка лига.

Кај дамите ќе се игра дербито меѓу Металург Автокоманда и Чаир, додека Ѓорче Петров треба да има лесна задача кај Спартак, а Куманово е фаворит против Пелистер.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 Куманово – Пелистер, Супер лига
13:00 Спартак – Ѓорче Петров, Супер лига
14:00 Македонија – Словачка, пријателски натпревар
14:00 Кичево – Текстилец, Прва лига
14:30 Македонија – Грција, ЕП 2026 квалификации
15:00 Металург Автокоманда – Чаир, Супер лига
15:00 Партизан Гевгелија – Преспа, Прва лига
16:00 Македонија – Јапонија, пријателски натпревар
18:00 Атлетик – Овче Поле, Прва лига
19:00 Овче Поле – Драчево Јуниор, Прва лига