ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Три дерби средби во Автокоманда, Битола и Чаир

Возбудувањата на ракометните терените продолжуваат и во денешниот ден, во кој ќе се игра низ цела Европа.

Во Македонија ќе има три дуели, два од нив се од суперлигашкиот плеј-оф/аут кај мажите.

Амбициозниот тим на Тиквеш ќе биде гостин во Автокоманда кај вицепрвакот и ќе се обиде да освои три важни бода во разигрувањето за титулата.

Двете екипи се сретнаа во регуларниот дел од сезоната и на двата дуели триумфираа момците на Кире Лазаров.

Еурофарм Пелистер 2 пред својата публика ќе го пречека Куманово, кој пред стартот на вториот дел од сезоната осетно се засили.

Вториот тим од Битола во првото коло од плеј-аутот службено го доби дуелот против Аеродром, додека Куманово полесно од очекуваното славеше над Вардар Неготино.

Дерби натпревар ќе има и во единственото женско сениорско натпреварување во Македонија.

Со почеток од 14:00 часот ќе се сретнат Чаир и Вардар, а на првиот дуел меѓу овие две екипи немаше победник.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:30 ВАЉАДОЛИД – БИДАСОА (АСОБАЛ)
14:00 ЧАИР – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
14:00 КУБАН – ЧЕРНОМОРОЧКА (РУСИЈА)
14:00 ОДЕНСЕ – ЧСМ (ЛШ)
14:00 ТУРИНГЕР – ЗАГРЕБ (ЛИГА ЕВРОПА)
15:00 РАЈН НЕКАР – ФЛЕНСБУРГ (БУНДЕС)
15:15 ДИЖОН – МОНПЕЛЈЕ (ФРАНЦИЈА)
16:00 БЕНФИКА – ПОРТО (ПОРТУГАЛИЈА)
16:00 РАПИД – ЕСБЈЕРГ (ЛШ)
16:00 САВЕХОФ – ДЕБРЕЦЕН (ЛШ)
16:30 КИЛ – ШТУТГАРТ (БУНДЕС)
17:00 КРКА – СЛОБОДА (ЕВРОПСКИ КУП)
17:00 ЛИМОЖ – ЕКС АН ПРОВАНС (ФРАНЦИЈА)
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ПАРТИЗАН (СРБИЈА)
19:00 СЛОВАН – ЛОКА (СЛОВЕНИЈА)
19:15 АЛКАЛОИД – ТИКВЕШ (МАКЕДОНИЈА)
20:00 НАВА – АДЕМАР (АСОБАЛ)