ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Супер лигата во забрзан ритам – Вардар и Охрид со гостински предизвици

Во следните десетина дена ќе биде комплетиран регуларниот дел од Супер лигата и ќе бидат решени уште двете дилеми околу патниците во разигрувањето за титулата.

Бутел Скопје и Тиквеш се најблиску до ТОП 6, а својата шанса од позадина ја чекаат Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп, а голем дел од работите може да бидат решени по двобоите во следното коло.

Лидерот Вардар денеска гостува кај Бутел Скопје и ќе биде фаворит за бодовите, а ист е случајот и со тимот на Охрид, кој оди кај Куманово. Останатите четири средби се играат утре.

Покрај водечката четворка која веќе е во плеј-офот, Бутел Скопје и Тиквеш се на петтото и шестото место со по 20 бодови, Еурофарм Пелистер 2 има 17, а Прилеп 16 бода на осмата позиција.

Во центарот на вниманието денеска ќе биде и мечот на пионерската репрезентација на Медитеранското првенство во Приштина.

По тесниот пораз од Италија, избраничките на Славиша Димитријески ќе се соочат со Словачка, која во првото коло беше подобра од Грција со убедливи 27-14.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: 

16:30 МАКЕДОНИЈА – СЛОВАЧКА (МЕДИТЕРАНСКО ПРВЕНСТВО)
18:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 КУМАНОВО – ОХРИД (МАКЕДОНИЈА)
15:30 ЛОКОМОТИВА ЗАГРЕБ – СЕСВЕТЕ (ХРВАТСКА)
17:30 БК46 – ГРИФК (ФИНСКА)
19:00 ХОЛАБРУН – БАРНБАХ (АВСТРИЈА)
20:00 БАРСЕЛОНА – АЛИКАНТЕ (ШПАНИЈА)