ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Струга и Тиквеш по први суперлигашки бодови

Денеска со натпреварот меѓу Струга и Тиквеш ќе биде комплетирано третото коло во Супер лигата.

Во салата „Тими“ од 18:30 часот, стружани ќе ги пречекаат кавадарчани, а двете екипи се во потрага по првите суперлигашки бодови.

Струга загуби од Вардар дома и Охрид на гости, додека Тиквеш беше поразен на гости кај Пролет и дома од тимот на Кирил Лазаров.

Кавадарчани направија добар состав летово, иако имаа голем ремонт, па се фаворити за бодовите во Струга, но домашните во многу наврати имаат покажано дека знаат да направат проблеми ако бидат потценети.

Натпреварот меѓу Струга и Тиквеш во „Тими“ ќе го судат Виктор Андонов и Иван Илиевски, додека делегат ќе биде Владимир Саздовски.