ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Стартува групната фаза во Купот, се игра и еден прволигашки дуел

Денеска со натпреварот меѓу Пелистер и Овче Поле СУ ќе започне групната фаза во Купот на Македонија.

Победникот од овој дуел за пласман на Ф4 турнирот ќе се бори со Вардар, кој е слободен во првиот меч.

Вардар Неготино на свој терен ќе го пречека Партизан од Гевгелија во натпревар од 8. коло од Првата лига и ќе се обиде да стигне до 4-ти сезонски триумф.

Довчерашниот суперлигаш има половичен учинок, во досегашниот тек од сезоната на шест натпревари оствари три победи.

Клубот од најјужниот град во Македонија има послаб учинк, односно една победа и дури пет порази, па поради тоа неготинци ја имаат улогата на фаворит.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – ПАРТИЗАН
20:30 ПЕЛИСТЕР – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ