ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Стартува второто коло на СП во Македонија

Денеска со натпреварот меѓу Чиле и Швајцарија, односно Египет и Тунис, ќе започне второто коло на Светското младинско првенство во Скопје.

На денешната програма ќе има вкупно осум натпревари, а дел од учесниците веќе со победа во денешните натпревари би обезбедиле пласман во главната фаза.

Македонската репрезентација има слободен ден пред двата важни натпревари против Исланд и Ангола.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
11:15 ЧИЛЕ – ШВАЈЦАРИЈА
11:15 ЕГИПЕТ – ТУНИС
13:30 ЈУЖНА КОРЕЈА – АРГЕНТИНА
13:30 МЕКСИКО – УНГАРИЈА
15:45 ИРАН – РОМАНИЈА
15:45 ТАЈВАН – ДАНСКА
18:00 ХОЛАНДИЈА – БРАЗИЛ
18:00 НОРВЕШКА – ЈАПОНИЈА