ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Стартува втората суперлигашка рунда, Вардар брка прв триумф

Денеска со натпреварот Вардар – Бисинов ќе стартува втората суперлигашка рунда, во која најголемо внимание ќе привлече саботниот дуел во Охрид.

Вардарци пред својата публика ќе го пречекаат дебитантот, кој во првото коло славеше на гостувањето во Струга против истоимената екипа.

Избраниците на Владо Недановски се големи фаворити и се очекува во денешниот натпревар лесно да дојдат до првите бодови во новата сезона.

Натпреварот меѓу Вардар и Бисинов ќе се одигра со почеток од 18:00 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“.

Низ Европа ќе има еден натпревар во најсилната лига – Бундес лига, потоа ќе се игра во Франција, Словенија, Австрија, Унгарија, Русија…

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 ВАРДАР – БИСИНОВ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ЕГЕР – ЃЕР (УНГАРИЈА)
18:30 ЦСКА – КРАСНОДАР (РУСИЈА)
18:30 ТАТАБАЊА – НЕКА (УНГАРИЈА)
19:00 ТУРИНГЕР – ДОРТМУНД (ГЕРМАНИЈА)
19:00 ЕРЛАНГЕН – АЈЗЕНАХ (БУНДЕС ЛИГА)
19:00 АЛПЛА – ЛИНЦ (АВСТРИЈА)
19:30 ТРЕБЊЕ – ГРАДЕЦ (СЛОВЕНИЈА)
19:30 ГРАЦ – ТИРОЛ (АВСТРИЈА)
19:30 ИБВ – ВАЛУР (ИСЛАНД)
20:00 СЕСОН – ЕКС АН ПРОВАНС (ФРАНЦИЈА)
20:00 КРЕТЕЈ – ШАМБЕРИ (ФРАНЦИЈА)
20:30 ИВРИ – НИМ (ФРАНЦИЈА)
20:30 СЕНТ РАФАЕЛ – ШАРТ (ФРАНЦИЈА)