ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Стартува ЛШ – Загреб на гости кај Сегед, Барса оди во Алборг

По зимската пауза, денеска ќе продолжат натпреварите во Лигата на шампионите во машка конкуренција.

Со два натпревари ќе биде отвореното новото, 11. коло, а македонскиот шампион Еурофарм Пелистер утре ќе игра против Спортинг Лисабон.

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Барселона, на свој терен ќе го пречека Алборг. Иако каталонскиот гигант влегува како голем фаворит, сепак, се очекува данскиот тим да даде силен отпор.

Норвешкиот шампион Колстад на натпреварот против Нант ќе бара победа за задржување на шансите за пласман во осминафиналето, додека Загреб ќе атакува на трет сезонски триумф.

Магдебург ќе ќе гостува во Полска кај Келце, а првото соочување меѓу двете екипи заврши со минимална победа на тимот на Талант Душебаев, 27:26.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:00 МИОВЕНИ – РАПИД (РОМАНИЈА)
18:30 ПАРТИЗАН – ПАНЧЕВО (СРБИЈА)
18:45 АЛБОРГ – БАРСЕЛОНА (ЛШ)
18:45 КОЛСТАД – НАНТ (ЛШ)
18:45 СЕГЕД – ЗАГРЕБ (ЛШ)
19:30 ТУЛОН – САМБРЕ (ФРАНЦИЈА)
20:00 МЕЦ – БРЕСТ (ФРАНЦИЈА)
20:00 МЕРИЊАК – БЕЗАНСОН (ФРАНЦИЈА)
20:45 КЕЛЦЕ – МАГДЕБУРГ (ЛШ)