Денес со натпреварот меѓу екипите на Радовиш и Металург РА ќе стартува последното прволигашко коло од регуларниот дел од тековната сезона.
Овој натпревар за двете екипи нема никакво резултатско значење, бидејќи уште од поодамна обезбедија пласман во плеј-оф фазата.
На првиот меѓусебен дуел, кој што беше одигран кон крајот на месец октомври, триумфираше Радовиш со 34:30.
Низ Европа ќе се игра во Русија, Естонија, Шведска, Данска, Португалија, Австрија…
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:00 ТОЉАТИ – ДИНАМО (РУСИЈА)
17:30 ЦСКА – АГУ АДИФ (РУСИЈА)
17:30 РОСТОВ – ИЖЕВСК (РУСИЈА)
18:00 РАДОВИШ – МЕТАЛУРГ РА (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ТАПА – МИСТРА (ЕСТОНИЈА)
18:30 ФРЕДЕРИЦИЈА – СКАНДЕРБОРГ (ДАНСКА)
19:00 САВЕХОФ – АРАНАС (ШВЕДСКА)
19:30 ГРАЦ – ФУКСЕ (АВСТРИЈА)
20:30 АЛБОРГ – СКЈЕРН (ДАНСКА)
21:00 АГУАШ САНТАШ – СПОРТИНГ (ПОРТУГАЛИЈА)
21:00 ПОРТО – АВАНКА (ПОРТУГАЛИЈА)