ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Стартува новото суперлигашко коло, три дуели од главната фаза на ЕП

Денеска со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и дебитантот Бисинов ФЛ ќе започне новото, 14. коло во суперлигашката конкуренција.

Домаќините се големи фаворити на денешниот дуел и се очекува без проблеми да ги освојат новите два бода, додека гостите од Велес ќе посакуваат да се покажат во добро светло пред битолската публика.

Останатите натпревари од 14. коло ќе се одиграат во утрешниот ден, а дербито на колото ќе биде во Автокоманда.

На денешната програма ќе има три дуели од главната фаза на Европското првенство 2024, кое се одржува во Унгарија, Австрија и Швајцарија.

Црна Гора ќе има голем предизвик, ќе се соочи со Франција, додека Романија ќе се обиде да ја изненади Шведска.

Унгарија во второто коло од главната фаза за ривал ја има Полска, која вчера беше поразена во натпреварот со шведската репрезентација.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:30 ШВЕДСКА – РОМАНИЈА (ЕП)
16:00 МУЛТИ ЕСЕНС – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (МАКЕДОНИЈА) 
17:30 РОСТОВ – КРАСНОДАР (РУСИЈА)
18:00 ФРАНЦИЈА – ЦРНА ГОРА (ЕП)
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – БИСИНОВ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ПЛЕР – ТАТАБАЊА (УНГАРИЈА)
18:15 ДРАМЕН – ЕЛВЕРУМ (НОРВЕШКА)
19:00 ХАНОВЕР – РАЈН НЕКАР (БУНДЕС)
20:00 ФЛЕНСБУРГ – ПОТСДАМ (БУНДЕС)
20:00 ИСТР – СЕНТ РАФАЕЛ (ФРАНЦИЈА)
20:30 КРЕТЕЈ – МОНПЕЛЈЕ (ФРАНЦИЈА)
20:30 ИВРИ – ШАРТ (ФРАНЦИЈА)
20:30 ТРЕМБЛЕ – НИМ (ФРАНЦИЈА)
20:30 УНГАРИЈА – ПОЛСКА (ЕП)