ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Стартува новото коло во суперлигашката конкуренција

Со денешниот натпревар меѓу Куманово и македонскиот вицепрвак ќе започне новото, 6. коло во Супер лигата.

Како што е познато, натпреварите од 6. коло ќе се играат и утре (10 октомври) и среда (11 октомври).

Тимот од Автокоманда на денешниот дуел со Куманово е голем фаворит и се очекува да дојде до нови три бода на свое конто.

Куманово до досегашниот тек од сезоната нема остварено победа, во претходното коло одигра нерешено против Скопје.

Низ Европа ќе се игра во Русија, Романија, Шведска, Данска, Чешка, Германија…

Свој настап ќе има и повремениот репрезентативец на Македонија, Дејан Кукуловски, кој со Брно ќе му гостуваат на Злин во рамки од Купот на Чешка.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:30 АКБУЗАТ – КАУСТИК (РУСИЈА)

15:30 ДИНАМО – ОМСК (РУСИЈА)

16:30 ЧСМ БУКУРЕШТ – БАЈА МАРЕ (РОМАНИЈА)

18:30 ЕСБЈЕРГ – ЛЕМВИНГ (ДАНСКА)

19:00 АЛИНГСАС – САВЕХОФФ (ШВЕДСКА)

19:30 ЗЛИН – БРНО (ЧЕШКА)

19:45 КУМАНОВО – АЛКАЛОИД (МАКЕДОНИЈА)

21:30 ВАЛУР – СТЈАРНАН (ИСЛАНД)