Денес со натпреварот меѓу Будуќност и Савехоф ќе започне 12. коло во Лигата на шампионите кај дамите.
Црногорскиот шампион, исто како и Савехоф, по крајот на групната фаза ќе го завршат настапот на европска сцена.
Будуќност во досегашниот тек од сезоната освои само три бода, додека клубот од Шведска сѐ уште се нема израдувано на првиот бод во елитата.
Избраничките на Бојана Поповиќ ќе се обидат да се покажат во добро светло и да се израдуваат на првата гостинска победа.
На првиот дуел, кој беше одигран на почетокот на сезоната, триумфираше Будуќност со еден гол разлика, 31:30.
На денешната програма свој настап ќе имаат и дел од македонските интернационалци.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:30 РАМАТ ХАШАРОН – МАКАБИ ЛЕ ЗИОН (ИЗРАЕЛ)
16:30 ДИНАМО – ФОЧАНИ (РОМАНИЈА)
17:30 БУЗАУ – БАЈА МАРЕ (РОМАНИЈА)
18:30 СИЛКЕБОРГ – МОРС (ДАНСКА)
19:00 ЦРВЕНА ЗВЕЗДА – ВОЈВОДИНА (СРБИЈА)
19:00 МЕДИЦИНАР – МЛАДОСТ (СРБИЈА)
19:00 НОРДЈСЕЛАНД – ЕСБЈЕРГ (ДАНСКА)
19:00 КОПЕР – ЉУБЉАНА (СЛОВЕНИЈА)
19:30 ЛЕМВИГ – СКЈЕРН (ДАНСКА)
20:00 ПУЕНТЕ ХЕНИЛ – АДЕМАР (АСОБАЛ)
20:30 ГРОТА – СТЈАРНАН (ИСЛАНД)
20:45 САВЕХОФ – БУДУЌНОСТ (ЛШ)
21:30 ТОРЕЛАВЕГА – САГУНТО (АСОБАЛ)