Денеска ќе стартува претпоследното, 13. коло од групната фаза од Лигата на шампионите.
На денешната програма ќе има четири дуели, два ќе бидат во терминот од 18:45 часот, а два во терминот од 20:45 часот.
Најголемото внимание, на македонските љубители на ракометот, ќе биде насочено на натпреварот меѓу Динамо Букурешт и Висла Плоцк.
Тимот од Плоцк е конкурент на Еурофарм Пелистер во борбата за осминафинале, па така пелистерци ќе навиваат за составот на Давид Дејвис.
Како што е познато, македонскиот шампион Еурофарм Пелистер утре ќе гостува во Германија кај Фуксе Берлин.
Хрватскиот Загреб оди на тешко гостување кај данскиот Алборг, и мора да победи за да остане во трка по осминафиналето.
Распоред на денешните натпревари во ЛШ:
18:45 АЛБОРГ – ЗАГРЕБ
18:45 ДИНАМО – ВИСЛА
20:45 КЕЛЦЕ – НАНТ
20:45 СПОРТИНГ – ФРЕДЕРИЦИЈА