Денеска со натпреварот Алборг – Нант, односно Колштад – Барселона, ќе биде крената завесата во Лигата на шампионите, а актуелен бранител на титулата е токму тимот од Каталонија.
Претставник на Македонија во елитното натпреварување, втора година по ред, ќе биде шампионот Еурофарм Пелистер, кој вечерва во Франција ќе има тежок предизвик.
Ждрепката посака избраниците на Бранислав Ангеловски во првото коло да играат против моќниот ПСЖ.
Еурофарм Пелистер и ПСЖ, исто така, во минатата сезона беа дел од иста група и на двата натпревари победа остварија „светците“.
Натпреварот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер е закажан за 20:45 часот, а правдата ќе је делат унгарските арбитри Оливер Биро и Адам Киш.
Освен со ПСЖ, македонскиот шампион во групата А ќе игра уште со Веспрем, Висла Плоцк, Фредериција, Динамо Букурешт, Фуксе Берлин и Спортинг.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 РАПИД – БИСТРИЦА (РОМАНИЈА)
18:45 АЛБОРГ – НАНТ (ЛШ)
18:45 КОЛШТАД – БАРСЕЛОНА (ЛШ)
19:00 ОРМОЖ – КОПЕР (СЛОВЕНИЈА)
19:00 ПОДРАВКА – ЗАГРЕБ (ХРВАТСКА)
19:30 ТУН – ЦИРИХ (ШВАЈЦАРИЈА)
20:00 ЛИМОЖ – ДАНКЕРК (ФРАНЦИЈА)
20:00 БРЕСТ – ШАМБРЕ (ФРАНЦИЈА)
20:30 НИЦА – САМБР АВЕНУА (ФРАНЦИЈА)
20:45 ПСЖ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (ЛШ)
20:45 СПОРТИНГ – ВИСЛА ПЛОЦК (ЛШ)