Денеска на Светското младинско првенство во Скопје ќе стартува главната фаза, односно борбата за четвртфинале.
На денешната програма ќе има вкупно осум натпревари, четири од главната фаза и четири од Президент Купот.
Како што е познато, во Президент Купот играат репрезентациите кои што не обезбедија пласман во ТОП 16.
Македонија денеска ќе има ден за одмор, а утре младинките од 16:15 часот ќе се сретнат со Португалија, додека на 25 јуни ќе играат со Црна Гора од 20:15 часот.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
11:45 АРГЕНТИНА – ТАЈВАН
11:45 ТУНИС – ИРАН
14:00 БРАЗИЛ – ЧИЛЕ
14:00 ЈАПОНИЈА – МЕКСИКО
16:15 УНГАРИЈА – НОРВЕШКА
16:15 ХОЛАНДИЈА – ЕГИПЕТ
18:30 ДАНСКА – ЈУЖНА КОРЕЈА
18:30 ШВАЈЦАРИЈА – РОМАНИЈА