Со натпреварот во Битола меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Радовиш ќе биде комплетирано 10 коло во Супер машката лига.
Младите битолчани се фаворити против радовишани кои се единствената екипа без освоен бод оваа сезона во елитната конкуренција.
Избраниците на Александар Зарков се борат за место во плеј-офот, па ова е еден од натпреварите што мора да го добијат.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Радовиш ќе се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 17:30 часот.

























