ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Словенија по изненадување против Франција, Црна Гора на мегдан со Унгарија

Денес на програмата на Светското првенство 2023, кое се одржува во Данска, Шведска и Норвешка, ќе се одиграат осум дуели.

Репрезентацијата на Словенија, која е предводена од Драган Аџиќ, во последното коло од групната фаза ја очекува дуел со Франција.

Избраничките на Аџиќ веќе обезбедија место во главната фаза на Мундијалот и на дуелот со „триколорките“ ќе одат на изненадување за да го освојат првото место во групата Д.

Од оваа група, меѓусебниот дуел меѓу Ангола и Исланд ќе одлучи која од овие две репрезентации ќе патува во главната фаза, односно ќе обезбеди место во ТОП 24.

Во групата Б, репрезентациите на Црна Гора и Унгарија ќе имаат дуел за првото место, додека на јужноамериканскиот двобој меѓу Камерун и Парагвај ќе се бара последниот патник во главната фаза од оваа група, па така не очекува возбудлив ден.

На останатите денешни натпревари исто така ќе има голема борба за пласман во главната фаза.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

15:00 ДИНАМО – САРАТОВ (РУСИЈА)

17:00 СТАВРОПОЛ – АКБУЗАТ (РУСИЈА)

17:30 МАЛОМЕРИЦЕ – КОПРИВНИЦЕ (ЧЕШКА)

18:00 АНГОЛА – ИСЛАНД (СП)

18:00 АРГЕНТИНА – КОНГО (СП)

18:00 ЈАПОНИЈА – ИРАН (СП)

18:00 КАМЕРУН – ПАРАГВАЈ (СП)

20:30 ЦРНА ГОРА – УНГАРИЈА (СП)

20:30 ХОЛАНДИЈА – ЧЕШКА (СП)

20:30 ГЕРМАНИЈА – ПОЛСКА (СП)

21:00 ФРАНЦИЈА – СЛОВЕНИЈА (СП)