ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Шест суперлигашки средби, дербито на колото е во Прилеп

По зимската пауза, денеска продолжуваат натпреварите од регуларниот дел од суперлигашката конкуренција, како и од плеј-оф фазата од единственото женско сениорско натпреварување.

Денеска ќе се одиграат сите шест суперлигашки натпревари од 17. коло, а најинтересно се очекува да биде на натпреварот меѓу Прилеп и Бутел Скопје, бидејќи двете екипи се борат за пласман во плеј-офот.

Бутелци славеа на првата пресметка против прилепчани со 25:18, но избраниците на Божидар Мојсов секогаш биле незгодни на домашен терен, посебно против посилните екипи.

На останатите пет натпревари има изразити фаворити, па се очекува Тиквеш, Еурофарм Пелистер, Алкалоид, Охрид и Вардар да запишат победи.

Кај дамите, вицепрвакот Чаир ќе гостува во Штип кај Астибо, додека шампионот Ѓорче Петров за ривал во 3. коло го има незгодниот Вардар. Екипата на Куманово на свој терен ќе посакува победа над Металург Автокоманда.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
12:00 Астибо – Чаир 
12:00 Вардар – Ѓорче Петров
12:00 Куманово – Металург Автокоманда
12:00 Тиквеш – Радовиш
16:30 Еурофарм Пелистер – Куманово
18:00 Струга – Алкалоид
18:00 Пролет – Вардар
18:00 Борец ФЛ – Охрид
18:30 Прилеп – Бутел Скопје