Денеска на македонските ракометни терени ќе бидат одиграни шест натпревари во машката и женска Прва лига.
Кај мажите, Македонија ЃП е фаворит на гостувањето кај Кичево, а ист е случајот и со Драчево Јуниор во домашниот дуел со Преспа.
Аеродром ќе брка прв триумф оваа сезона на натпреварот со Шампион, додека Јехона во Гостивар ќе го пречека Партизан Гевгелија.
Кај дамите, Овче Поле СУ го пречекува составот на Шампион, додека новиот женски тим Јехона ќе игра против Деспина од Прилеп.
На Светското клупско првенство во Египет, европските екипи Магдебург, Веспрем и Барселона ќе ги одиграат своите втори натпревари.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
15:00 Кичево – Македонија Ѓорче Петров (Македонија)
16:00 Овче Поле – Шампион (Македонија)
16:30 Јехона – Деспина (Македонија)
18:30 Јехона – Партизан Гевгелија (Македонија)
19:00 Драчево – Јуниор Преспа (Македонија)
20:00 Шампион – Аеродром (Македонија)
14:30 Магдебург – Шарџа (Светско клупско првенство)
16:45 Барселона – Замалек (Светско клупско првенство)
19:00 Веспрем – Ал Ахли (Светско клупско првенство)