Со натпреварот меѓу Прилеп и Еурофарм Пелистер ќе започне последното, 14. коло од регуларниот дел од Супер лигата.
Поради репрезентативните настапи на кадетската, младинската и сениорската репрезентација кон крајот на декември и почетокот на јануари, дел од натпреварите од последното коло се играат порано.
Јасно е дека актуелниот бранител на титулата ќе ја има фаворитската улога, но Прилеп пред својата публика ќе посакува да се претстави во добро светло, да покаже квалитетен ракомет, но и потенцијал дека може да се носи со далеку поквалитетни екипи.
За двете екипи ова ќе биде последниот натпревар годинава, потоа следи пауза, додека со своите настапи ќе продолжат во вториот дел од сезоната, во која битолчани ќе разигруваат за титулата, додека екипата на Прилеп ќе игра во плеј-аут фазата и ќе се бори за задржување на суперлигашкиот статус.
Натпреварот меѓу Прилеп и Еурофарм Пелистер ќе се одигра денес со почеток од 19:00 часот во спортската сала при СОУ „Ристе Ристески-Ричко“. Влезот за сите љубители е слободен.
На денешната програма на Светското првенство 2023, кое се одржува во Данска, Шведска и Норвешка, ќе бидат одиграни последните натпревари од главната фаза, по што ќе бидат познати сите патници во четвртфиналето.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 КОНГО – ЧИЛЕ (СП)
15:00 АГУ АДИФ – ЛУЧ (РУСИЈА)
15:30 ИРАН – КАЗАХСТАН (СП)
15:30 ЈАПОНИЈА – СРБИЈА (СП)
15:30 КАМЕРУН – СЕНЕГАЛ (СП)
16:00 ТОЉАТИ – ЗВЕНИГОРОД (РУСИЈА)
18:00 УНГАРИЈА – ХРВАТСКА (СП)
18:00 ПОЛСКА – РОМАНИЈА (СП)
18:00 ИСЛАНД – КИНА (СП)
19:00 МЕТАЛОПЛАСТИКА – ДУБОЧИЦА (СРБИЈА)
19:00 ПРИЛЕП – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ДОРМАГЕН – МИНДЕН (БУНДЕС 2)
20:00 ВАРАЖДИН – ЗАГРЕБ (ХРВАТСКА)
20:30 ЦРНА ГОРА – ШВЕДСКА (СП)
20:30 ГЕРМАНИЈА – ДАНСКА (СП)
20:30 ПАРАГВАЈ – ГРЕНЛАНД (СП)