ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Шампионот го чека Куманово, Чаир гостува во Битола

Денеска фокусот ќе биде насочен кон двете средби од Супер женската лига што ќе се играат во Волково и Битола.

Македонскиот првак Ѓорче Петров го пречекува Куманово и ќе биде голем фаворит за нови пролетни бодови.

Засилениот Чаир ќе ја има пролетната премиера на гостување во Битола кај младиот состав на Пелистер.

На македонските терени ќе има и по еден меч во првите лиги – кај мажите ќе се игра во Ресен, додека кај дамите ќе се игра во Гостивар.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

12:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КУМАНОВО (МАКЕДОНИЈА)
13:00 ПЕЛИСТЕР – ЧАИР (МАКЕДОНИЈА)
14:00 ПРЕСПА – ДРАЧЕВО ЈУНИОР (МАКЕДОНИЈА)
19:30 ЈЕХОНА – СТРУЖАНКА (МАКЕДОНИЈА)