Денеска со почеток во 19:00 часот во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија ќе се одигра седмото издание на Супер Купот на Македонија.
За трофејот ќе се борат шампионот Еурофарм Пелистер и освојувачот на Купот на Македонија – тимот на Кире Лазаров.
Ова е седмо издание на Супер Купот, а досега трофеите ги освојувале само Вардар и Еурофарм Пелистер.
Во 2017, 2018 и 2019 славеше „црвено-црниот“ тим, во 2020 немаше натпревар поради коронавирусот, додека во 2021 и 2022 триумфираа пелистерци.
Минатата година, во Струмица во интересен натпревар, Вардар го победи Еурофарм Пелистер со 30-26.
Судии на денешниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и „сино-белите“ од Автокоманда ќе бидат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.