ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Се затвора суперлигашкото коло, Металург Автокоманда на втор евро-испит

Денеска со натпреварот во Автокоманда, меѓу тимот на Кире Лазаров и Струга, ќе биде комплетирано шестото суперлигашко коло.

Домашниот тим е фаворит на овој натпревар и се очекува да ја продолжи победничката серија во елитната македонска конкуренција.

Металург Автокоманда по поразот од 36-28 од турскиот Гореле ќе треба да направи мало чудо за да се пласира во следното коло во Европскиот Куп.

Натпреварот меѓу Гореле и Металург Автокоманда се игра вечерва со почеток во 17:00 часот.

Денеска на програмата има и две средби од Бундес лигата.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:00 АЛКАЛОИД – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)
17:00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ГОРЕЛЕ (ЕВРОПСКИ КУП)
19:00 РАЈН НЕКАР – ХАМБУРГ (ГЕРМАНИЈА)
19:00 МАГДЕБУРГ – ГЕПИНГЕН (ГЕРМАНИЈА)