ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Се разгорува битката за Европа и за опстанок

На денешната програма во Македонија ќе се одиграат десет дуели, четири од нив се во рамките од Супер лигата во машка конкуренција.

Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер на свој терен ќе го пречека составот на Струга и се очекува на денешниот дуел лесно да дојде до шести триумф во разигрувањето за титулата.

Интересна пресметка би требало да има во Скопје каде што амбициозниот тим на Тиквеш ќе му гостува на незгодниот состав на Пролет.

Кавадарчани моментално се позиционирани на петтото место и доколку триумфираат денес, тогаш би ги зголемиле шансите за пласман во Европа.

Два натпревари ќе има во 6. коло од борбата за опстанок, во која неколку екипи конкурираат за првите две места на табелата.

Ракометарите на Прилеп пред својата публика ќе играат против Вардар Неготино и ќе се обидат да останат непоразени во плеј-аутот.

Избраниците на Божидат Мојсов се лидери на табелата, имаат 15 бодови, додека Вардар Неготино засега е третопласиран со три бодови помалку.

Голден Арт на свој терен ќе посакува освојување на бодовите против Еурофарм Пелистер 2 и приклучок кон горниот дел на табелата.

Освен во Супер лигата, денеска ќе се игра и во прволигашката конкуренција, како и во Женската лига.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

14:00 СКОПЈЕ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА (ЖЕНСКА ЛИГА)
15:00 ЧАИР – СПАРТАК (ЖЕНСКА ЛИГА)
16:00 ГОЛДЕН АРТ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (СУПЕР ЛИГА)
16:30 ШАМПИОН – МЛАДОСТ (ПРВА ЛИГА)
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – СТРУГА (СУПЕР ЛИГА)
18:00 ПРОЛЕТ – ТИКВЕШ (СУПЕР ЛИГА)
18:30 ПРИЛЕП – ВАРДАР НЕГОТИНО (СУПЕР ЛИГА)
18:30 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ДЕСПИНА (ЖЕНСКА ЛИГА)
19:00 БИСОНОВ – МЕТАЛУРГ РА (ПРВА ЛИГА)
19:30 ШАМПИОН – ВАРДАР (ЖЕНСКА ЛИГА)