Денеска со натпреварот во Автокоманда, меѓу тимот на Кирил Лазаров и Борец ФЛ ќе биде комплетирано 18 коло во Супер лигата.
По триумфите на Вардар и Еурофарм Пелистер, „сино-белите“ имаат задача да запишат нова победа и да бидат осамени на врвот.
Тимот на Лазаров има 32 бода, но и меч помалку, а исто толку бодови имаат Еурофарм Пелистер и Вардар.
Од интернационалките, настап во српскиот шампионат ќе има Сара Стефаноска, која со нејзината Јагодина ќе гостува кај Бор.
Во Србија, на програмата е женското дерби меѓу Црвена Ѕвезда и Партизан, а има интересен натпревар и во Бундес лигата.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:30 ЦРВЕНА ЅВЕЗДА – ПАРТИЗАН (СРБИЈА)
19:00 АЛКАЛОИД – БОРЕЦ ФЛ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 БОР – ЈАГОДИНА (СРБИЈА)
19:00 ГЕПИНГЕН – АЈЗЕНАХ (ГЕРМАНИЈА)