ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Се игра последното коло од главната фаза во Лигата на Европа

Денеска ќе се одигра последното коло од главната фаза во второто по ранг европско клупско натпреварување – Лигата на Европа, по што ќе бидат познати сите патници во четвртфиналето, односно во елиминациските дуели.

Во терминот од 18:45 часот ќе има дури пет натпревари, додека на програмата од 20:45 часот закажани се три натпревари.

За директен пласман во четвртфиналето ќе се бори хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице, кој на денешниот дуел ќе биде предводен од новиот тренер Веселин Вујовиќ.

Деби натпреварот во рамки од групата Д меѓу екипите на Динамо Букурешт и Спортинг Лисабон ќе го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Лига на Европа, главна фаза, 4. коло, распоред:

Група А

18:45 Рајн Некар – Забже
20:45 Нант – Хановер

Група Б

18:45 Савехоф – Нексе
18:45 Горење – Скјерн

Група Ц

18:45 Силкеборг – Фленсбург
20:45 Војводина – Кадетен

Група Д

18:45 Динамо – Спортинг
20:45 Фуксе – Констанца