На денешната програма ќе се одиграат последните дуели од осминафиналето во Лигата на шампионите кај мажите.
Пред пласман во четвртфиналето се наоѓаат екипите на Веспрем и ПСЖ, но на денешните реванш дуели против Сегед, односно Висла Плоцк, ќе треба да ја оправдаат фаворитската улога.
Веспрем на првиот дуел против ПИК Сегед триумфираше со седум гола разлика, 37:30. Составот на Момир Илиќ доколку избори четвртфинале, тогаш за пласман на Ф4 турнирот во Келн ќе се бори со Алборг.
Најбогатиот клуб ПСЖ на првиот дуел од осминафиналето против Висла Плоцк победи со четири гола разлика, 30:26. Францускиот шампион во четвртфиналето би играл со каталонскиот гигант Барселона.
На денешната програма ќе има и седум натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 ИЗРАЕЛ – СЛОВАЧКА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
17:00 БАЈА МАРЕ – СТЕУА (РОМАНИЈА)
17:30 ФИНСКА – ЧЕШКА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
17:45 КОСОВО – ПОЛСКА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
18:10 ЛЕТОНИЈА – СЛОВЕНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
18:45 ВЕСПРЕМ – СЕГЕД (ЛШ)
18:45 ЦИРИХ – СЕНТ ГАЛЕН (ШВАЈЦАРИЈА)
19:00 ГЕПИНГЕН – ФУКСЕ БЕРЛИН (БУНДЕС)
19:00 УКРАИНА – ГЕРМАНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
20:00 БИХ – РОМАНИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
20:00 ПОРТУГАЛИЈА – ХОЛАНДИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП)
20:45 ПСЖ – ВИСЛА ПЛОЦК (ЛШ)