ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Решавачка битка во Прва лига – кој до суперлигашки бараж?

Денеска во центарот на вниманието ќе биде дуелот меѓу Македонија Ѓорче Петров и „витамините“ од Автокоманда, кој ќе даде одговор која од двете екипи е поблиску до бараж за Супер лигата.

Еурофарм Пелистер 2 е старо-нов суперлигаш, а единствената дилема во прволигашкиот плеј-оф е која екипа ќе биде втора и ќе игра бараж.

Во моментов, второпласирани се „витамините“ со 25 бодови, додека Македонија Ѓорче Петров е трета со 23 бода, но и меч помалку од тимот од Автокоманда.

За нив покрај средбата со „лавовите“ останува и домашен меч со Драчево, додека за Македонија Ѓорче Петров следуваат две пресметки со Еурофарм Пелистер 2 в четврток и петок.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

20:00 МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – МУЛТИ ЕСЕНС (МАКЕДОНИЈА)
20:00 ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА – АЕРОДРОМ (МАКЕДОНИЈА)