ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: ПСЖ во унгарскиот пекол, ГОГ ќе го предизвика Нант

Денеска во центарот на вниманието на европската јавност ќе бидат двете осминафинални средби од Лигата на шампионите во Унгарија и Данска.

Веспрем ќе го пречека ПСЖ, во двобојот кој би требало да биде најинтересен од оваа фаза. Унгарскиот гигант е под притисок по лошите резултати во елитното натпреварување, особено по најавата на раководството дека ќе има драстични чекори ако не биде обезбеден Ф4.

ПСЖ исто така играше „топло-ладно“ во текот на сезоната, но како таа се приближува кон крајот, така францускиот состав полека ги зема работите во свои раце.

Во Свендборг кај ГОГ Гудме ќе гостува францускиот Нант, кој имаше тежок меч од домашното првенство кај Екс Ан Прованс.

Данскиот состав дека може да биде опасен ако биде потценет, но Нант ќе ја има фаворитската улога во двомечот.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:45 ВЕСПРЕМ – ПСЖ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ГОГ ГУДМЕ – НАНТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)