ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Прво сезонско соочување на вечните ривали

На денешната ракометна програма во Македонија ќе има четири суперлигашки дуели од 4. коло.

Најинтересно се очекува да биде на дерби дуелот меѓу вечните ривали Вардар и Еурофарм Пелистер.

Пелистерци имаат максимален ефект, односно „три од три“, додека Вардар две победи и еден пораз, оној од Алкалоид на стартот од сезоната.

Овие две екипи се сретнаа во финалето на турнирот во Струга, тогаш подобар беше македонскиот шампион, кој триумфираше со 29:26.

Освен во Супер лигата, денеска ќе се игра и во прволигашката конкуренција, ќе има четири дуели од 2. коло.

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе го одигра првиот од двата планирани контролни натпревари против Австрија.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 МУЛТИ ЕСЕНС – АЕРОДРОМ (ПРВА ЛИГА)
13:00 ДРАЧЕВО – ШАМПИОН (ПРВА ЛИГА)
14:00 СКОПЈЕ – ВАРДАР НЕГОТИНО (ПРВА ЛИГА)
16:00 ПРОЛЕТ – БИСИНОВ (СУПЕР ЛИГА)
17:00 КУМАНОВО – СТРУГА (СУПЕР ЛИГА)
17:00 МАКЕДОНИЈА – АВСТРИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ)
17:45 ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (СУПЕР ЛИГА)
18:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (ПРВА ЛИГА)
18:30 ОХРИД – ТИКВЕШ (СУПЕР ЛИГА)